Светот се соочува со сериозни предизвици!


Во последно време светот се соочува со бројни тешки предизвици, како од природен така и од опѓтествен карактер Во периодот 1978-1982 година работев во југословенската амбасада во Прага. Во тоа време мошне ретко се случуваше да има три поледователни сончеви денови. Скоро секој ден врнеше дожд. Ветерот што дуваше од запад, односно од Атлансиот Океан носеше обилни врнежи. Пан Лишка кој работеше во протоколот на Владата на Чешката Република во стилот на Швејк велеше Кај нас се што е лошо доаѓа од Запад. Сега медиумите објвуваат дека реките во западна и средна Европа практично пресушуваат, како и дека е оневозможена пловидбата по реката Рајна, која со каналот Рајна-Мајна-Дунав ги поврзуваше Атлантскиот Океан, односно Северно Море со Црно Море. Поради незапомтената суша се најавува криза со вода за пиење. Сушите се мошне серипзен проблем, но надлежните национални и меѓумародни органи немеаат визија, како да се реши комплексниот хидролошки проблем. Меѓутоа, уште покомплексни и потешки се проблемите во меѓународните односи. Повеќе од 5 месеци се води војна во Украина на која не и се гледа крајот, а опасно се заоструваат состојбите и околу Тајван.

Пред изборите во САД во 2016 година повеќе од 200 американски генерли и адмирали го подржаа Доналд Трамп за претседатек на САД , со образложение дека „преку глва им е од војни.“ Треба да се има предвид дека во времето на Трамп, Америка не започна ни една голема војна! Воената доктрина на американскиот претседател Џорџ Буш-постариот беше базирана на следниот прибцип САД истовремено можат да водат една голем и една мала војна. Семејството Буш припаѓа на Републиканската партија, а нејзините лидери се значително побогати отколку лидерите на ривалската Демократска Партија. Бил Клинтон беше соочен со опасноста да банкротира поради аферта Вајт Вотер, а рејтингот му беше сериозно нарушен и поради познатата афера со Левински. Со пренасочувањето на вниманието на домшната и на светската јвност на тогаш актуелните проблеми на Балканот успеа не само политички да преживее, туку битно ја подобри својата материјална состојба

По уривањето на Берлинскиот ѕид, дворескиот филозоф на Белата куќа Френсис Фукујама најави крај на историјата и направи ужасна грешка. Шест децение по познатат криза околу Куба во 1962 година, кога светот беше пред сериозна опасност од нуклеарна војна меѓу САД и ,тогашниот Советски Сојуз, рускиот лидер Путин се закнува со нуклеарн војна!.

За да се рабере шго се случува во светската политика требе да се има предвид улогата на траннционлните корпорации. Анализите што беа направени пред околу две години покажаа дека од 100 најголеми економски субјекти во светот само 30 се држави, додека 70 се транснационални корпорации. Порано како мошне моќен меѓународен фактор се наведуваше воено-индустрискиот комплекс,но во последно време бројот на транснационалните корпорации е битно зголемен.

.Војната во Украина мошне сериозно ја експонира улогата на енергетскиот и прехранбениот сектор. Познато е дека Украина е огромна плодна рамница, која е голем производител и извозник на жито и масло за јадење/ Овие денови медиумите објавија дека една третина од обрдивата земја во Украина ја купиле мултинационални компании. Познато е дека порано Советскиот Сојуз,беше а сега Русија е еден од најголемите производители на нафта и природен гас.

Досега земјите од западна и централна Европа беа големи увозници на рускиот природен гас. Гасоводот Северен ток 1 беше изграден порано и се користеше се до воведувањето на санкциите кон Русија. Гасоводот Северен ток 2 само што беше изграден, поради спомнатите санкции воопшто не проработи! Со санкциите кон Русија, транснационалните компании си создадоаа можност за замена на рускиот природен гас со конднезиран, односно течен гас кој е значително поскап од природниот! Ова е само еден пример кој покажува како се однесуваат мултинационалните компании со цел остварување на максимални профити Подетално за тоа може да се прочита во книгата Признание на еден економски убиец од Џон Паркер.

Европа се соочува со сериозна лидерска криза. По големиот француски лидер Шарл Дегол во Европа не се појавил харизматичен лидер со визија за иднината на Континентот .Повеќе колонијални европски земји со богатството што го ограбија од нивните колонии остварија импресивен развој и на нивните граѓани им овозможија висок животен стандард. Меѓутоа, во последно време состојбите битно се менуваат, а впечаток е дека Европејците не се свесни за тоа!? Научниците и интелектуалците од европските земји се иселуваат во САД, додека Еврпа се соочува со сериозен прилив на имигранти со Азија и Африка кои бараат услови за подобар живот.

Истакнатиот американски геополитичар Збигњев Бжежински пред околу три децении во полскиот весник Жечпосполита преддупреди дека Американцоте треба да се подготват за приземјување и дека до 2050 година Америка ќе ја загуби лидерската улога во економијаат, политиката, одбраната, финансиите и други дејности. Познатиот амаерикански геополитичар Кисинџер смета дека позиците на САД во светот може да ги загрози само Кина, а не Русија независно од нејзиниот нуклеарен потенцијал..

Стамениот Кисинџер во Волстрит Џурнал предупредува дека светот се движи по работ на војна и укажува дека САД водат погрешна политика,како и дека треба сериоззно да ги третираат изјавите на Путин. САД се ангажирани на два фронта, Украина и Тајван. Мошне индикативен е апелот на Кисинџер за територијални отстапки кон Русија како предуслов за окончување на војната во Украина! Случајот со Тајван е исто така мошне чувствителен и носи големи опасности за мирот не само во југоисточна Азија, туку и во светот. Заострувањето на односите во спомнатите кризни жаришта ќе води кон натамошно заострување во односите на САД со Кина и со Русија.

Коста Стоименовски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close