Вардар со шампионот на Финска во првото квалификациско коло од ЛШ

– Македонскиот фудбалски првак Вардар во првото коло квалификациите од Лигата на шампионите ќе игра против шампионот на Финска КуПС. Тоа е епилогот од денешното извлекување на за стартот од квалификациите од ЛШ. Вардар првиот натпревар ќе го игра на домашен терен на 7 или 8.јули во Скопје, додека реваншот е во Финска и ќе се игра на 14 или 15.јули.

Најтрофејниот македонски клуб последен пат во квалификации од Лигата на шампионите настапуваше во 2017 година, кога стигна и до групната фаза од Лига Европа.

Финскиот првак КуПС е редовен учесник последните сезони во европските купови.

Back to top button
Close