За скопското Кале, став

Деновиве мојот внук, инаку ученик кој есенва започнува пето основно, ги повторува- чита зададенитe лектири, па така слушајки го како гласно чита, успеав да слушнам дека чита книга за Гоце Делчев, љубопитноста ме натера да ја земам книгата в рaка, а со тоа и самиот да прочитам како започнува со зборовите,„ кога ќе наминеш во Скопје, од левата страна на Вардар, под скопското Кале се наоѓа црквата Свети Спас, каде во оревов изрезбан сандак, лежат моштите на војводата Гоце Делчев„

Веднаш го прашав дали сака да го однесам да го види Скопското Кале, црквата Свети Спас и гробот на војводата Гоце Делчев. Со радознал детски глас извикаа: Да дедо да одиме! И отидовме со тоа што заедно со нас дојде и мојот брат и неговиот внук кој, како и мојот се на иста возраст и читаат исти лектири. Веројатно ќе се запрашате, па што има во тоа, да се изразува став за тоа, кој што чита и што чита. Е има, има моето разочарување од виденото, кое ме тера да викнам гласно, да се чуе- прочита, што е тоа што нашиот Град Скопје го нуди на намернициите како што денес бевме ние, но и на бројните туристи, кои во организирани групи и поединечно имав можност таму да ги видам.

Во црквата Свети Спас не пречека кустос. Децата солидно ги запозна со постановката на артефактите во спомен собата на Гоце Делчев ( иако патем незнаеше да им одговори, која од . експонатие е пушка малихера) . Ја обузда и нивната радозналост, зошто саркофагот со моштите на војводата Гоце Делчев лежи на три камена, појаснувајки и им, дека трите камена се трите дела на Македонија и дека нагов аманет е гробот да му биде во столицата на независна Македонија.

Тоа истото го стори и во црвата Свети Спас,па се надевам дека трајно ќе им остане во паметење што е копаничарсто , а што фрескописарство, кои биле копаничарите, а кои зографите кои така величанствено го украсиле иконостасот на црквата. Разочаруваки е како изгеда околината на црквата, ѓубре, расфрлани пластични шишиња , цигари и друг отпад, исушена трева, едноставвно неред пред влезот и околината. А таму, намерници странски туристи!

Веднаш потоа, Скопското Кале и разочарувањето. Уште на влезот, неред, не се знае од каде е главниот влез, нема никакво обележување. А кога ќе се снајдете и ќе влезете, ве пречекува метална раздрдана порта и чуварска куќичка во длаабока сенка, вода која тече од црево кое чуварот го пуштил да разладува во топлиот августовски ден, но и да им послужи на намерниците да си ја изгаснат жедтта .А особено не израдува јавниот тоалет (кој не постои) Никаде патоказ, никаде појаснување што значи калето за Градот Скопје и што градот нуди на посетителите, што е тоа што треба да го осознаат децата кои читаат од книгите за високите кули, железните порти, стражарите со бојните копја и острите сабји кои со векови го чувале и бранеле калето, од кога е од кого се бранеле и што радозналите туристи треба да понесат со себе.

Насекаде ѓубре, нема ниту една клупа кде да седнеш и да се одмориш. А видиковците кои треба да се тоа или изгледаат за такви на реставрираните кули, некому служеле за нужник, некому за пепелотресник, па не е ни чудо што на децата им се згрози, па само нашата дедоска опорност да фрлат поглед на градот, ги задржа за момент во панорамата која од скопскот Кале толку величенствено се фрла на градот. Незавршените објекти кои по последните архелошки истражувања требаше да ни ги доловат новооткрините артефаакти, да ни посведочат за историјата на калето и градот, само немо стојат обраснати со трева и непристапни сведочат за глупоста на една епоха, која остана без одговор, зошто се вршеа ископувања и истражувања, а нам, на дедовците ни ја одземаа можноста да ја задоволиме детската радозналост и да им одговриме што ново е пронајдено, иако нема достоен аргументиран одоговор ниту за старото , кое исто така обраснато во коров и расфрлано ѓубре, сведочи за негрижа. А чија треба да биде грижата за Калето.

Тоа е Скопско, тоа е градот, кој со години не платил струја за осветлувањето, па такво и нема, кој со години не поставил клупи, кој со години не го решил напојувањето со екетрична енергија, па од дрвените бандери кои како чиреви изникнуваат од неискосената трева и од коии висат жици ме фаќа срам, да срам не само пред моите вуцци, туку и пред странските туристи кои за чудо ги има во голем број.

Срамот е мој, затоа што и јас со мојота пасивност и севкупната граѓанска незаинтересираност за Калето, не сме сториле ништо и на клоци да го ибркаме градскиот татко, кој деновиве после одморот се фали и бара гласови од половочино сработедни велосипедски патеки и продава демагогија дека неешто прави.

Ова,наспроти надоместокот кој градскиот татко ни го воведе за наводнување – одржување на градското зеленило, кое на Калето е жолто, комуналиите ја јаванта чистота кои како граѓани ги плаќаме, а Калето се гуши во смет и неред, необележаните влезови, немањето клупа каде да седне и одмори намерникот.

Сето, во време и простор кога ние ги учиме децата и го воздигнуваме Скопскот Кале во нивната имагинација како вековен сведок и чувар на Градот, кое откако ќе го видат и доживеат, како што тоа денес на 19-ти Август 2021 годин го сторивме ние со нашите внуци, се претвара во големо разочарување.

Никола Николовски,Судија на Врховниот суд на РМ, во пензија.

 

Back to top button
Close