Партнерот осомничен и приведен за убиството на Ноа – тврди дека не се сеќава дека ја убил
О.Д. (33) е уапсен за убиството на Ноа Миливојев (18), девојка по која се трагаше 20 дена. Според информации за Блиц тој пред полицијата изјавил дека не се сеќава кога ја убил девојката, ги исекол деловите од телото и ги фрлил во кеси, дознава. Според информациите тој претходно бил во врска со убиената девојка.

Како што информираат од српското МВР, се претпоставува дека О.Д. ја убил Ноа, потоа го распарчил чии делови полицијата ги пронашла при претресот на станот. Деловите од телото на жртвата се испратени на ДНК анализа за да се потврди идентитетот. -Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство на свиреп и подмолен начин, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава – се наведува во соопштението на МУП.
Според сосетка на убиецот, тој важел за проблематичен и таа често го гледала со различни девојки. Таа додава и дека ја видела Ноа пред две недели. Дошло до инцидент меѓу двајцата. Таа викала во зградата и барала да и врати некои предмети. После тоа не ја видеде.
-Другите соседи ме предупредија дека е опасен и проблематичен – вели сосетката.
Како што додава, по таа расправија го виделе убиецот како вади женски работи, а мислеле дека и ги носи на Ноа. Да потсетиме, Ноа Миливојев исчезна пред 20 дена кога отишла кај своето момче.
– Телефонот не и работи, можеби е исклучен ило расипан, ништо не знаеме и ги замолуваме сите што знаат нешто да не контактираат. Се слушна со нас на 17 јуни, кога отиде кај нејзиното момче „О“ од Белград, а тој тврди дека не ја видел. Ги молам сите да ни помогнат, ќе умреме од тага и болка – изјави претходно за медиумите нејзината мајка.






