Со емотивен концерт Елтон Џон се прости од публиката
Опкружен со обожаватели од целиот свет кои сакаа да го слушнат и видат својот идол на неговиот проштален концерт, Елтон Џон во саботата вечерта ја воодушеви публиката во Стокхолм и официјално ја заврши својата кариера.

Музичката ѕвезда ја започна својата проштална турнеја во 2018 година, а ја заврши сега, пет години подоцна во Стокхолм, отворајќи го последниот концерт со една од неговите најпопуларни песни „Bennie and the Jets“.
На последниот настап, Елтон испеа 23 песни од различни периоди од неговата долга кариера, меѓу кои „Rocket Man“, „Tiny Dancer“, „I Guess That’s Why They Call It the Blues“ и „Philadelphia Freedom“. Тој изведе три биса и ги отпеа „Cold Heart“, „Your Song“ и „Goodbye Yellow Brick Road“.
„Да се настапува за вас беше мојата причина да живеам, а вие бевте апсолутно брилијантни. Конечно завршив со турнејата. Не можам да ви објаснам колку ќе ми недостигате и колку ме направи скромна вашата поддршка. Тоа ќе остане со мене засекогаш“, рече 76-годишниот музичар.
Кога започна песната „I‘m still standing“, во Теле2 арената станаа околу 30.000 гледачи.
За време на концертот, Елтон Џон и оддаде почит на Арета Френклин со тактот од песната „Border Song“.






