Даниел Крег и Рејчел Вajс снимени на Вимблдон – ги поздравија принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Финалето на Вимблдон вчера го следеше и актерската двојка Рејчел Вајс и Даниел Крег.

53-годишната актерка и две години постариот актер познат по улогата на Џејмс Бонд привлекоа внимание во елегантно издание на трибините. Тие како да беа многу заинтересирани за натпреварот и со големо внимание следеа се што се случува, не обрнувајќи премногу внимание на фотографите.

Рејчел и Даниел се многу дискретни кога е во прашање нивниот приватен живот, па многу обожаватели се уште се изненадени кога ќе дознаат дека се во брак. Тие се венчаа во 2011 година, само половина година откако почнаа да кружат гласини за нивната љубов. Двајцата имаат деца од претходните врски, а заедно ја добија ќерката Грејс на крајот на 2018 година.

Back to top button
Close