Трамп ги „игра“ европските држави една против друга
Трамп ги „игра“ европските држави една против друга, а тоа може да биде крај на ЕУ и на НАТО

Кога, во некаква хипотетична и,на времето, незамислива ситуација, моќната Америка би почнала да „игра“ една европска држава против друга, тоа ќе го означи крајот на ЕУ. Ова се зборовите на Хенри Кисинџер од негова книга за надворешната политика на САД објавена во осумдесеттите, која ја коментирав со моите постдипломци. Запишани во времето на униполарната ера на тотална американска доминација со светската политика, кога Америка и Европа беа обединети околу европскиот проект, зборовите звучеа толку неверојатни. Денес ова пророштво се оставрува: администрацијата на Трамп почнува да „игра“ една европска држава против друга.
Тоа стана јасно, почнувајќи од сесрдната поддршка на Трамп на владата на Велика Британија да ја отцепи земјата од ЕУ која „ е содадена да ја зафркне Америка“. Најновиот анти-евроспски став беше искажан некни. На изјавата на Марта Кос,после средбата со претседателот Вучиќ, дека Србија треба да остане цвсто на европскиот пат“, соработникот на Трамп и некогашен негов претставни на Балканот Ричард Гренел реплицираше со зборовите дека Србија „не мора задолжително“ да го следи европскиот пат. И пак не сакаме да поверуваме во сериозните намери на Трамп да и наштети на Унијата. Оваа изјава не е, како што погрешно коментираат нашите медиуми, само политичка провокација или рамнодушност на Америка кон процесот на европското проширување туку составен дел на новата политика на САД за рушењето на ЕУ. Во случајов, Трамп ја „игра“ Србија против ЕУ нудејќи ја во замена „новата (американска?) нормалност “. Каква е таа „нормалност“?
Претседателот Доналд Трамп е со намера да ја преобликува Европа според сопствениот лик. Зарем уште не сме го разбрале тоа? Говорот на неговиот потпретседател на Минхенската безбедносна конференција минатата година како да не беше доволен да ја освести Европа. Критиката на Џ.Д.Венс за задушување на слободата на говорот во Европа беше во прилог на десничарските партии во Европа и американската желба тие да дојдат на власт. Имено, Трамп не сака само да превземе контрола над Европа, која и онака ја има, туку, пресметувајќи се со нејзините либерални вредности, да ја преобрази, одново, во континет на раздробени национални држави. И уште попрецизно, да го извезе својот бренд на национализам во Европа, а потоа, согласно трансакциската надворешна политика, да бира со која држава ќе соработува а со која не.
2 / 2
Во истиот овој контекст може да се разбере и неговиот насилнички однос кон Данска, кон Гренлад и кон ЕУ во целина: како дел од стратегијата за рушење на европското единство. Имено, Америка, од Втората светска војна наваму, е воениот господар на Гренланд и имала свои воена база таму. Некогаш деветнаесеттина, а денес, по сопствена одлука од минатото, само една,а може да има колку што сака. Значи, безбедносниот елемент на кој толку инсистира Трамп, не е загрозен зашто вратите и се широко отворени на големата сила да прави што и душа сака на најголемиот остров на светот. Па, тогаш зошто го прави ова? Го прави за да ги понижи во очите на нивните народи европските политичари кои,инаку, ги презира. Ако Америка интервенира на Гренланд, тоа ќе биде крај на НАТО, реагираат тие. Зарем уште не разбираат дека токму тоа го сака Доналд Трамп?
И на крајот, во истиот контекст на авторитарните политки на поделби на Трамп, би ги ставил и настаните во Минесота кои толку силно ја поларизираа домашната политичка сцена што веќе се наѕираат и елементи на граѓанска војна во САД.






