АБА2:ТФТ поведе во полуфиналната серија против Сутјеска

Кошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа вечерва на гостински терен против Сутјеска со 93-88 и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во АБА 2 лигата.

Македонскиот прволигаш на гостувањето во Никшиќ одигра одлично прво полувреме во кое постигнаа 59 поени и со предност од 18 поени на полувремето го тарсираше патот до крајната победа.

Домашните кошаркари ја намалија предноста на ТФТ на 78-72 на почетокот на четвртата четвртина, но составот на Боро Смилковски возврати со серија од 8-0 за водство од 86-72 кое до крајот беше недостижно за кошаркарите на Сутјеска.

Ташовски со 27 поени беше најефикасен во редовите на ТФТ, а Гордон и Стенли уфрлија по 14 поени.

Вториот натпревар од серијата до две победи се игра на теренот на ТФТ Скопје на 15 април

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close