Нејмар го пропушта почетокот на Мундијалот

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе мора да паузира од две до три недели поради повреда на десната нога и е неизвесен за воведниот дуел на претстојното Светско првенство.
Нејмар ќе ги пропушти пријателските натпревари против Панама и Египет, а веројатно и натпреварот од првото коло од групата Ц на Светското првенство, во кое Бразил ќе игра против Мароко на 13 јуни.
И покрај сезоната во која претрпе бројни повреди, Нејмар беше повикан за Мундијалот 2026, што предизвика бројни негативни реакции во фудбалскиот свет, бидејќи многумина веруваат дека не ја заслужил поканата.
Бразилскиот селектор Карло Анчелоти може најдоцна до 1 јуни да го промени конечниот список фудбалери за Мундијалот.






