Синер сензационално елиминиран во 2. коло на Ролан Гарос

Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, ниту оваа година нема да го освои Ролан Гарос, единствениот грен – слем турнир што му недостасува во кариерата, откако попладнево претрпе сензационална елиминација во 2. коло од Аргентинецот Хуан Мануел Черундоло (3-6, 2-6, 7-5, 6-1, 6-1).
Синер имаше водство од 2-0 во сетови и лесно стигна до предност од 5-1 во гемови во третиот пред да започнат неговите физички проблеми.
Черундоло освои 15 последователни поени со кои стигна до 5-4 и 0-40 на сервисот на Синер кога Италијанецот побара медицински тајмаут. Синер потоа го напушти теренот, но кога се врати, Черундоло ја продолжи својата серија и го доби третиот сет со 7-5.
Следеше уште една 10-минутна пауза, за време на која Синер повторно го напушти теренот, но дури ни оваа долга пауза не му помогна да се врати во ритам. Иако Синер не го предаде мечот, беше јасно дека не се чувствува добро, а Аргентинецот ги доби четвртиот и петтиот сет со 6-1, 6-1.
Синер пристигна на Ролан Гарос оваа година со серија од 29 победи, која беше заокружена на 30 по првото коло, а неговиот вкупен резултат оваа година беше 37-2.
Минатата година, Синер не успеа да триумфира на Ролан Гарос иако имаше три меч-топки против Карлос Алкараз во финалето кое го загуби со 4-6, 6-7 (4), 6-4, 7-6 (3), 7-6 (2).






