Арналди се повлече од Ролан Гарос, Коболи финалист


Италијанскиот тенисер Флавио Коболи се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако неговиот противник во полуфиналето, сонародникот Матео Арналди се повлече од турнирот непосредно пред почетокот на дуелот.

Како што вечерва објави Здружението на тениски професионалци (АТП), Арналди се повлече од турнирот поради „вирусна болест“,

Во своето прво грен слем финале во кариерата, Коболи (АТП-14.) ќе игра против треторангираниот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев.

Германскиот тенисер ги загуби последните шест дуели на АТП Тур токму од италијански тенисери – четири од Јаник Синер, и по еден од Коболи и Лучијано Дардери. Сепак во четирите меѓусебни дуели, Зверев има три победи над Коболи.

Back to top button
Close