Бака Прасе банкротира – Ги продава своите луксузни автомобили поради коцкарски долгови?

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на Инстаграм објави дека продава неколку автомобили. Тој нагласи дека е итно и оти цените се максимално спуштени.

На продажба ги ставил автомобилите Мерцедес Бенз АМГ, Ламборџини и Мерцедес кои неодамна и ги подарил на својата девојка Ања Благојевиќ.

Имено, Јутјуберот неодамна на Инстаграм напиша дека не гледа излез од коцкарските долгови. „Заебав многу пари и влегов во многу долгови. Немам каде да ги земам парите и не можам да се вратам додека не средам сè. Испаднав навистина глупав, сè зафрлив. Направив големо срање, не знам што да правам, се заебав, јебига се коцкам“, напиша Богдан, пренесува Блиц.рс..

Бака Прасе е еден од најпознатите инфлуенсери во регионот. На Јутјуб го следат 2,3 милиони луѓе, а на Инстаграм има 1,2 милиони следбеници.

Back to top button
Close