Дејвид Бекам потрошил 250.000 фунти за 50-тиот роденден на сопругата

Дејвид Бекам потрошил 250.000 фунти на 50-тиот роденден на сопругата Викторија  роденденска забава.

По тој повод организирала гала прослава, а за специјалното изненадување, според пишувањата на странските медиуми, се погрижил нејзиниот сопруг – поранешниот фудбалер Дејвид Бекам.

Дејвид воопшто не штедел пари за јубилејниот роденден на сопругата, а потрошил околу 250.000 фунти за ангажирање на омилениот готвач на Викторија и за купување на нејзиниот омилен шампањ, кој чини 3.000 фунти по шише, пишува „Дејли мејл“.

Посебно изненадување за сите биле членките на некогаш многу популарната група „Спајс грлс“, од која беше дел и Викторија. Петте „спајсици“ заедно ја извеле својата песна „Stop“, а имале и кореографија. Дејвид го снимал сето ова, не тргнувајќи ја насмевката од лицето.

Главен гостин бил Том Круз, а присутни биле и Ева Лонгорија, Џејсон Статам и Роси Хантингтон Вајтли…

Back to top button
Close