Дино Мерлин со итна помош одведен во бoлница

На Дино Мерлин му се слошило во неговата продавница во Башчаршија, а итната помош дошла и го однела во болница, јавуваат хрватските медиуми.

Итната помош дошла во неговата продавница и набргу потоа излегол со нив и веднаш бил пренесен во болница

-Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во неговата продавница – рекла жена која била очевидец.

Според неофицијални информации, на пејачот му се слошило околу 21 часот и е надвор од животна опасност. Бил придружуван од неговата ќерка Наида, која е десна рака на нејзиниот татко и блиска соработничка.

Back to top button
Close