(ФОТО) Парис Хилтон за првпат ја покажа нејзината ќерка: Открив љубов која не знаев дека може да е толку длабока

Парис Хилтон (43) која во ноември го доби своето второ дете со помош на сурогат мајка, за првпат покажа како изгледа нејзината ќерка Лондон.

Таа на својот инстаграм-профил сподели неколку фотографии од ќерка си и од целото семејство.

„Ви ја претставувам Лондон Мерилин Хилтон-Реум. Сонував да имам ќерка по име Лондон од кога се сеќавам. Толку сум благодарна што таа е тука што навистина го ценам секој момент што го поминувам со неа. Заедно со Феникс, моите ангелчиња ми покажаа љубов која не ни знаев дека може да биде толку длабока пред да станам нивна мајка. Моето неверојатно патување низ мајчинството инспирираше нова, длабоко лична песна со мојата драга пријателка Сиа наречена ‘Fame Won’t Love You’“, пишaла Парис покрај фотографиите.

Back to top button
Close