Камерон Дијаз стана по вторпат мајка на 51 година:

Камерон Дијаз (51) и нејзиниот сопруг, членот на Good Charlotte, Бенџи Маден, го добија своето второ дете. Ова го објави самата актерка на својот инстаграм-профил.

„Возбудени сме што можеме да го објавиме раѓањето на нашиот син, Кардинал Маден. Тој е неверојатен и многу сме среќни што го имаме со нас“, напиша Камерон и додаде дека нема да објавува фотографии од бебето бидејќи сака да го заштити неговото право за безбедност и приватност. Сепак, таа рече дека нејзиниот син е „премногу сладок“.

Камерон Дијаз и Бенџи Маден почнаа да се забавуваат во 2014 година, а во 2015 година се венчаа. Неколку години подоцна, на почетокот на 2020 година, парот објави нов член во семејството – славните ја добија ќерката Радикс. Таа беше долгоочекувана. Факт е дека Камерон имала потешкотии да зачне дете; актерката дури поминала неколку циклуси на хормонска терапија за да забремени со помош на ИВФ, но сите овие обиди биле неуспешни.

 

Back to top button
Close