Мицкоски призна дека бил внатре во кафеаната: Овој мој човечки грев е бидејќи не бев информиран доволно за новите протоколи

Додека вечерва на „Боемска“ улица се чека судско решение за одземање на хард диск од снимачот на безбедносните камери од кафеаната во чиј затворен дел бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тој се огласи преку Фејсбук статус.

„Во услови кога имаме вистинска катастрофа од ширењето на корона заразата и целосно фијаско на власта која е дезориентирана и не е ефикасна, таа се занимава со тоа дали сум ручал внатре или надвор во ресторан, притоа комплетно покажувајќи го на дело нејзиното нечесно лице и инсталации. Дефокусирајќи ја јавноста со таа “епска битка” на специјалците од ЕБР, со вработените од ресторан, јавувајќи се по медиуми, да прават приказна од нешто каде нема и низа други дезинформации, со цел да се дефокусира вниманието од вистинската катастрофа со животите на граѓаните, предизвикана од неспособната власт.

Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа. Не мислам дека луѓето не знаат да направат грешка, битно е грешката да не е таква да направи лошо некому, да наштети некому, да биде непоправлива. Жал ми е што денес, покрај погубните бројки на ново заболени и починати случаи, катастрофалното менаџирање со кризата од корона вирусот, економскиот дебакл на власта, кражбите на парите на граѓаните со милионски суми, рекетите, распродажбата на националните интереси, денеска тема стана и мојата средба со познаници во една Скопска кафеана. Човечки е да се згреши, и не сум лицемер кој едно говори пред камерите, а друго зад нив. Сакам да демантирам, дека имав било каков контакт со било кој од државната инспекција или органите на државата. Тоа се измислици за да се потхрани дефокусирањето на јавноста.

И да бидам искрен, овој мој човечки грев, сметам дека е многу помал од состојбата која денес се случува врзана со губењето на животи и неодлучноста на владата која го загрижува здравјето на сите.

Денес вистинската тема е што имаме 101 ново заразен и 4 починати. Власта сака да продаде приказна за да ја скрие вистината за себе, и фактот дека моето одење во ресторан не зарази никого, но нивната неспособност и СДСМ кластерот, да.

Ако некој имаше дилема, сега е повеќе од јасно, кристално јасно дека власта и параполициските сили диригирани лично од Зоран Заев ме следат. И треба да знаат, Македонија не заборава, а сите тие ќе бидат поразени!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во продолжение сите вести поврзани со темата, како се одвиваше во текот на целата вечер:

Инспектори спречени да направат контрола во позната кафеана на „Боемска улица“ во Скопје?!

(ВИДЕО) Продановска: Инспекторите беа спречени да извршат контрола, по 2 и пол часа од кафеаната излезе лидер на политичка партија

ВИДЕО: Драма на Боемска, Мицкоски бил во кафеаната каде келнерите не ги пуштале инспекторите да извршат увид?!

ЕБР интервенира на Боемска по обидот да се избришат снимките на кои се гледа Мицкоски во кафеаната

ВИДЕО: Напнато вечерва на „Боемска“ – се чека судско решение за одземање на хард диск од снимачот на безбедносните камери од кафеаната во која бил Мицкоски

ВИДЕО: Ставревски најави дека ќе се вештачат снимките од камерите за да се види дали Мицкоски бил во ресторанот

Back to top button
Close