Се огласија адвокатите на жената која медиумите ја нарекуваат “љубовницата на Вилијам”

Со оглед на тоа дека не престануваат шпекулациите за нејзината врска со престолонаследникот  Вилијам, вчера се огласи адвокатот на маркизата, Сара Роуз.

„Приказните се целосно невистинити“, порача таа преку своите адвокати.

Водителот Стивен Колбер прв ја спомена Сара Роуз кога во своето шоу „The Late Show With Stephen Colbert“ рече:

“Се плашам дека имам некои сериозни вести за британското кралско семејство. Интернет детективите шпекулираат дека отсуството на Кејт има врска со нејзиниот сопруг, идниот крал на Велика Британија, Вилијам, кој има афера.

Мислам дека сите знаеме кој е другата наводна жена, кажете заедно со мене, маркиза од Чолмондели (титулата на Сара Роуз Ханбери).

Back to top button
Close