Смртниот биланс од земјотресот на Хаити се искачи на 1.941 лице

Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што во саботата го погоди Хаити се искачи на 1.941, а повеќе од 9.900 лица се повредени, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Карибите.

FILE PHOTO: A view shows houses destroyed following a 7.2 magnitude earthquake in Les Cayes, Haiti August 14, 2021. REUTERS/Ralph Tedy Erol NO RESALES. NO ARCHIVES/File Photo

Повеќе од 60.000 домови се уништени, 76.000 се оштетени, а многу јавни згради исто така се уништени од земјотресот во саботата, наведе Агенцијата.

Илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата во катастрофата беа непријатно изненадени од тропската бура Грејс, која донесе поплави во оваа карипска држава.

Американскиот национален центар за урагани предупреди на молњи и урбани поплави и можни свлечишта.

Земјата е благодарна за помошта од странство – вклучувајќи специјализирани тимови за пребарување од САД, како и 15,4 тони храна, лекови и вода од Мексико. ссм/

Back to top button
Close