Таче, ако Бога знаеш, доста беше: “дошја нож до коску”, фати се за метла!?

 

Од неверување, до разочарување!

Од денеска, со име и презиме за сите!

Ако до вчера, за некого можев “рака да ставам во огин”, тоа беше професорот д-р Темелко Ристевски. Го поимав за олицетворение на скромност, трудољубивост, чеснос, отвореност, директност, немилосрдност  – во поглед на правдата и правичноста.

Ако сме создале средина и атмосфера, еден Темелко Ристески да посегне по пари, како надомест за сомнителни, или, во најмала рака, неприфатливи активности (однапред смислено да се пишуваат партиски хвалоспеви – сеедно дали за парична награда, друг бенефит, или – од убедување!), тогаш – црно ни се пишува!

Немам намера да го оправдувам професорот Ристески, ниту да барам олеснителни околности за него, туку, се си мислам дека тој подлегнал на нечии намери, дека станал дел од шема за извлекување на пари – сеедно дали за партиски, или слични потреби, во секој случај – појава, која, отскокнува од сликата што јас ја имав за професорот Ристески.

Ако бил наведен, ако бил дел од некоја шема (лична, или партиска – за мене поверојатна  варијанта), тогаш, тој не е единствениот таков, таа шема била системска и како таква, со  една добра истрага, макар и од Антикорупциската комисија, може да се истера работата докрај и добар дел политички и останати дејци, да заминат од јавната сцена.

Се гледа дека Биљана од Антикорупциска,  има “петља” да се зафати со лошите, криминални, ненародни појави и активности. Не сум сигурен дека обвинителствата и судивите се на тоа рамниште. И тие им подлегнале на познатата: ”где врти пара и бургија се не окреќе!”.  Не е проблемот во тоа што Рускоска ќе наиде на добар соговорник кај Камчев и ќе му искамчи некое милионче. Проблемот е во нееднаквоста пред законите, во лошата порака што се испраќа.

Проблемот е во уставната нееднаквост. Но, за каков Устав и Уставен суд ние можеме да говориме, ако највисоката уставна и заштитничка инстанца во земјата, е нефункционална. Вчерашниоит крик на претседателката на Уставниот суд, Кацарска говори се.   Го собра (КАЈ СЕБЕ!) државното раководство да ги разбуди од приспивната песна. Се осмели само претседателот Пендароски нешто да прокоментира и тоа преку кабинетско соопштение. Премиерот и парламентармниот спикер одмолчија. Немаа што да кажат!

Се е јасно, државата ни е неодржлива, нефункционална е. Како може да профуинкционира Уставниот суд во полн капацитет, ако Собранието е нефункиционално?  Тоа е функционално само “колку да не се сетат Власите!”. Шокантно делува, дека, Уставниот суд не може да расправа по прашања како што е Преспанскиот договор!

Претседателката убаво им кажа:  за така крупни прашања, не може да се одлучува со судии на раб на кворум!

На ист начин, функционира, односно не функционира и Собранието. Како може парламентарците, од сите политички бои, да мрсат и во петок, кога се во прашање парите за партиите и за сопствените џебови, а за се друго не можат да се усогласат?

Со која душа земаат илјадници евра за патни трошоци, а не си ја извршуваат фуинкцијата. Не се функционални. Тоа што ќе најдат оправдување во работата во некоја комисија, или некоја пленарка на работ на кворум, тоа само ја оголува работата до коска.Тоа ништо не решава.

Јавноста повеќе не смее да се замајува на овој начин. Ако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги заклучува вратите за да сочува каков таков кворум, тогаш за каквов парламент, за каква парламентарна демократија, за каква држава разговараме? Тој со тоа само потврдува дека Собранието е нефункционалчно, пратениците не си ги завреднуваат платата и другите масни додатоци!

Башка што Талат се избрука и како личност. Си зеде преголема сила и слобода, се занесе со бланко – поддршката на својот партиски лидер Ахмети. ДУИ е полна до гуша со пари од народот за партиски и лични ќефови. Но, се има граници, трпението на нивните гласачи е при крај.  Зарем во Охрид, гласачите Албанци, не гледаат што се прави нивниот кабадахија, Нефи Усеини? Дуи треба и мора да оди во опозиција.

Проблемот е што ДУИ со себе ќе ја повлече и СДСМ. Нема бегање. Нештата се разголени. За онаа несреќа од човек и пратеник Мисовски, Таљат е најдобриот претседател што Македонија го имала. Дури,поголем  и од неговиот Тито Петкоски, без кого тој и денеска ќе беше семеен курир на Петковски фемили, како што беше и сеуште е подводаџија за некои апетити и во младоста, неодживеани похлепи на Тито Петкоски. Самиот сум жив сведок.

Горан Мисовски, со средно образование, беше генерален секретар на партија, во која вриеше од универзитетски професори!  Како извршен комисионер, лично ја координирав работата на партиските комисии. Беше проблем да се сместат сите. Мисовски, откако стана пратеник (со судни маки и марифетлуци-во вториот круг), стана и бруцош во Охрид!!!

Собранието (со Мисоски потѕпретседател!), Уставниот суд и некои други институции, се само врв од ледениот брег. Нефункционални се и нелегални низа контролни тела и механизми.

Да посведочам еден личен пример: Поминаа три собраниски мандати и полумандати, како не можe  да се изберат членови во Програмскиот совет на јавниот ТВ. сервис. Конкурирав за прв пат. Илија Димоски, во својство на претседател на Комисијата за избор и именување, од партиски побуди, не ја свикуваше. Со кое право? Во чие име?

Конкурирав по втор пат. Се изложив на трошоци. На местото на Илија,  дојде  она самоуверено момче,  сегашниот градоначалник на Струмица. Забравив му веќе името. “Исто като сашто”, со мали нијанси.  Замнина и тој. Остана статус-квото. Нелегалниот Совет избира директор, тој други – од својата (не)надлежност и се така – “кула од карти”!

Ако мислите дека сето она што, сите овие години наназад,  е случајно со македонскиот претставник на Евровизија, се лажете. Прашајте само колку од она што го гледаме на јавниот сервис е сопствена продукција, а колку “алаш-вериш” програма од надвор, и се ќе ви биде јасно.

Како тоа министерката за одбрана се расфрлала со пари за Фејс – пропаганда, НА НЕВИДЕНО, а нашето Здружение “Мацково” не може да добие ниту 500 евра за Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”!?  Поддржан од шефот на државата, под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО!

Лани затоа што “НЕ БИЛ ТРАДИЦИОНАЛЕН!”  (а истото министерство скромно го помагаше претходниоте две години!), а, годинава,  затоа што проектот бил испратен “НА ПОГРЕШЕН ОБРАЗЕЦ”!  Нека е и така, но за парв пат се аплицираше електронски.

Згора на тоа, како странка, Здружението е законски заштитено и ако погреши. Органот, институцијата е таа што треба да помогне, да посоветува, а не да ”чека на кривина” – одмазднички!!!

Таче, ако Бога знаеш, доста беше ( дошја нож до коску”), фати се за метла, инаку, ќе те пометат!?

 

(Крај) Веле Митаноски

 

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close