ВИДЕО: Најбарана евровизиска песна на Јутјуб е холандската, хрватскиот претставник со најголеми шанси за влез во финалето
Што се однесува до второто полуфинале, на прво место е Холандија, а при врвот е и Швајцарија, која засега е и најголемиот фаворит за победа на овогодишниот натпревар.
Холандија, инаку, го привлекува вниманието со песната „Europapa“ со која годинава ќе ја претставува Јост Клајн. Песната е објавена на официјалниот Јутјуб канал на Евросонг пред еден месец и досега има над 17 милиони прегледи. Ниту една песна што беше објавена тој период или на почетокот на оваа година не е ниту блиску до холандската.
Инаку, песната „Europapa“ е писмо од Јост до неговиот покоен татко кој починал од рак и му рекол дека нема граници за тоа што може да постигне.

Сепак, обложувалниците на холандската песна ѝ даваат девет отсто шанса за победа