Зачин што ги убива лошите бактерии и го забрзува метаболизмот
Сечуанскиот бибер е важен зачин во кинеската и индиската кујна кој се користи за зачинување солени и слатки јадења. Покрај благата лутина, нема голема врска со класичниот бибер.
Има лесна цитрусна нота која добро се комбинира со печурки и мешунки, но и со егзотични десерти.
Во народната кинеска медицина, овој зачин со векови се користел како уништувач на лошите бактерии, а го забрзува и метаболизмот.
Зачинот обично се додава на крај од готвењето, а особено добро се комбинира со ѓумбир при подготовка на азиски специјалитети. Во комбинација со чили во прав се добива моќна комбинација за зачинување егзотични јадења.