Денвер го победи Сан Антонио во продолжение, Јокиќ постигна 40 поени

Денвер синоќа на домашен терен го победи Сан Антонио во натпревар од регуларната сезона на НБА дома, со 136:134 во продолжение.

Српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ, беше најефикасен на натпреварот со 40 поени и 13 асистенции.

Денвер го доби осмиот натпревар по ред и е четврти на табелата во Западната конференција (50-28).

Сан Антонио сега има биланс 59-19 и е втор на Запад. Лидер е Оклахома сити со 61 победа и 16 порази.

Back to top button
Close