Јувентус лесно до бодовите во против Џенова

– Фудбалерите на Јувентус ја постигнаа 16.та победа во шампионатот откако попладнево ја совлада Џенова во дуел од 31.коло со 2:0. Двата гола беа постигнати на почетокот на дуелот, а стрелци беа Бремер во 4.минута и Вестон Мекени во 17.минута. Јувентус со 57 бодови се наоѓа на петтото место на табелата.

Денеска се одиграа уште два натпревара: Лече – Аталанта 0:3 и Удинезе – Комо 0:0, а вечерва се игра дербито меѓу Наполи и Милан.

Лидер на табелата е Интер со 72 бода, пред Милан со 63, а Наполи има 62.

Back to top button
Close