Арсенал без двајца играчи на гостувањето кај Спортинг

– Менаџерот на Арсенал Микел Артета се соочува со проблеми во пресрет на утрешниот прв дуел од четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостински терен против португалскиот тим Спортинг.

На прес конференцијата пред дуелот, шпанскиот стручњак изјави дека Букајо Сака и Џуриен Тимбер не допатувале со тимот и дека сè уште не се подготвени, но смета дека ќе бидат подготвени за следниот дуел од Премиер лигата.

На листата на повредени сè уште: Еберечи Езе, Пиеро Хинкапие и Микел Мерино и нивниот настап е неизвесен.

Сепак, има и добри вести за Артета дека ќе може утре да смета на Габриел, Дејлан Рајс и Леандро Тросард.

Кога ќе погледнете како игра и што направи Спортинг пред сè на домашен терен и кои тимови ги победија во Лигата на шампионите ја знаеме тежината на натпреварот, изјави Артета.

Дуелот Спортинг – Арсенал се игра утревечер на стадионот „Жозе Алваладе“ со почеток во 21 часот.

Back to top button
Close