Вега и официјално прв противкандидат на Инфантино


Поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега (55) официјално ја објави денеска својата кандидатура за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Вега минатиот месец ја најави својата кандидатура, а сега официјално стана првиот предизвикувач на својот сонародник Инфантино.
Рамон Вега е поранешен швајцарски репрезентативец кој настапуваше за Грасхоперс, Каљари, Тотенхем, Селтик, Вотфорд и Кретеј во текот на својата кариера, која ја заврши во 2004 година, по што се посвети на работа во финансискиот сектор.
Во долга објава од 12 страници споделена на своите профили на социјалните мрежи, Вега ги објасни своите мотиви и цели.
„Фудбалот е на клучна раскрсница. Одлуките што ги носиме денес ќе ја обликуваат иднината на нашата прекрасна игра за генерациите што доаѓаат. Прогласуваме нулта толеранција за лидерство кое ја понижи страста на пет милијарди фудбалски навивачи низ целиот свет и го навреди достоинството, посветеноста и интегритетот на милиони луѓе кои ги посветија своите животи на нашата прекрасна игра. Фудбалот им припаѓа на сите луѓе“, нагласи Вега.
Кандидатура за челното место на ФИФА најави и почесниот претседател на Јапонскиот фудбалски сојуз (ЈФА) Козо Ташима (68).

Back to top button
Close