“Американската црна среда” и трампавите уши на голиот цар Трајан!?
Човекот може да побегне од се, ама не и од самиот себе! Човекот може да постигне се, од пари во бизнисот до моќ во политиката. Но, не може да постигне да биде ЧОВЕК, ако, веќе, не скроен за тоа.

Не беше многу тешко да се предвиди, уште на почетокот од мандатот, каков ќе биде крајот на 4 годинишното владеење на Доналд Трамп, на неговата администрација, на неговата доминација, на неговото династичко владење, со сите синови, ќерки и зетови – од активните и пропаднатите бракови.
Човекот на кого не му беше туѓа постапката, да отпатува на швајцарските Алпи со сопругата (Иванка) и љубовницата, за да му избега правата и да остане со втората, даде толку многу сигнали кои го правеа недостоен за функцијата – прв мегу еднаквите во глобалниот лидершип.

Но. така избра американскиот народ.Изборот на народот треба да се почитува. “Народот е во право, дури и кога греши!”, глаголеше, при еден изборен пораз, еден од лидерите на македонската социјал – демократска левица. Претходникот на Трамп, Барак Обама, тоа го почитуваше. Го почитуваше и конкурентката на Трамп, Хилари Клинтон и тоа при тесен резултат. Ова што сега го правеа Доналд Трамп и неговиот послушник и бизнис – партнер Џулијани, во улога на адвокат, не беше ништо повеќе од – “здружување на ѓаволот и адвокатот!”.
Доналд Трамп и слепите послушници околу него, оние што осатанаа, затоа што тој ги бркаше од Белата куќа, ги менуваше како своите чорапи, ја посрамотија Америка пред светот. Ја понижија, им дадоа шанска на останатите глобални играчи да ги покажат мускулите, да се засолнат зад вашингтонската црна завеса со сето свое автократско владеење, односно владеење преку хуманиот лик на комунизмот.
Што имаат заедничко демократијата и династијата!? Што освен, она што го напиша синоќа ќерката на Доналд Трамп, охрабрувајќи ги “патротите!”, да го рушат и демолираат Капитол Хил – симболот на уставната демократија повеќе од два века, најсветлиот вредносен елемент на земјата која, некаде милом – некаде силом, извезуваше американски вредности на живот и устројство.
Американскиот Конгрес, заедно со британскиот Парламент се библијата на демократијата. Или, барем, на современата демократија, ако го изоставивеме античкиот Демос. Ја имав приликата, во Конгресната библиотека во Вашингтон, можеби и надвор од правилата, да застанам пред Gutenberg Bible.
Трамп и македонските “анти-ваксери” во политиката!
Ние сме мала земја за да и солиме памет на големата Америка. Но имаме легитимно право, да правиме разлика измегу американскиот народ и актуелната администрација во Белата куќа. На многу овдешни трампољупци, им бев трн во око сите овие изминати години. Погледајте ги коментарите на синоќешните и денешни мои постови (реакции) и се ќе прочитате.
Тоа се истите оние кои веруваат во светски заговори, терории на заговори и слични анти-ваксерства и про-трамповства. Македонска работа: не се коментираат настаните, туку личностите. Не се говори за случајот, туку за заговорите.
Лидерите поминуваат и заминуваат, народите остануваат. Ова беше забивање нож врз плеќите на американските вредности, домашен тероризам, обид за државен удар кој се подготвуваше со недели на социјалните мрежи.
Оценката, мегу првите ја даде и новоизбраниот американски претседател Џо Бајден:”ова не е протест, ова е побуна. Сцените на хаос на Капитол Хил, не се она што е американскиот народ”.
Како што и Трамп не е американскиот народ. Мислам дека, во тох дух, е и реакцијата на нашиот претседател, Стево Пендаровски. Реакција, согласно нашата моќ и нашето место во светската заедницa.
-“Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани”.
Ние говориме за насилството, за тоа кој го поттикна, а не за тоа – кој е кој во светското рангирање. Ставив забелешка дека, она што Трамп му го направи на тогашниот црногорски премиер, пред очите на светската јавност – туркајќи го како партал, не би го направил ниту најкабадахискиот шериф од дивиот запад. Добив одговор: да се знае кој е кој!?
Царот е гол: трампавите уши на Трајан!?
Незнам дали ви е при мисла скаската за царот Трајан и неговите трампави уши? Нејзината современа верзија би била: трампавите уши на царот Трајан Доналд! Царот е гол!
Откако на душа стави 4 жртви, дури сега, се огласува за мирна транзиција на 20 јануари. Вчера во Конгресот го испрати потпретседателот Пенс, да му одработува во прилог на прокламацијата за покрадените избори. Како тоа Трамп да изгуби? Тој не сака, не знае, не поднесува да губи.Тоа требаше да се знае пред 4 години.
Конгресмените се вратија, откако бегаа “главом без обзира” пред насилниците – следбениците на Доналд Трамп, кои, светските медиуми од првиот момент ги прогласија за орда, нивните постапки за дивеење. Треба да им се оддаде признание за храброста. Се вратија да го потврдат избопрот на Бајден, по што, дури и еден Трамп мораше да капитулира, да ја подвитка опашката.
Но, премногу доцна. Откако паднаа жретви, откако нацијата ја изрезили пред светот, откако поделенеото американско општество го зациментира во спротивставените ровови. Не е играчка, тоа се милиони и милиони луге, тоа ќе има трајни последици за Америка, но и за светот.Трамп просеа премногу зла крв.
Колку Трамп погреши, може да се види од реакциите на неговите блиски пријатели од светото на политиката. Комшијата од север, симпатичниот Трудо и колку да е труден по сексипилноста на младата трамповка, мораше да упати критика. Маските на Трампистите паднаа, но паднаа и нараквиците во дипломатијата.
Премногу беа гафовите на Трамп, за да се толерира и ова. Првиот сојузник, британскиот премиер Борис Џонсон, му порача: “Срамотни сцени во американскиот Конгрес.САД се залагаат за демократија насекаде во светот и сега е од витална важност да има мирен и законски пренос на моќта”.
Што ние треба да научиме од сето ова. Основната лекција е јакнење на институциите. Ако подвлечеме паралела помегу нашиот црн четврток и американската црна среда, јасно е дека институциите се “алфа и омега” на едно демократско општество. Трамп не сакаше од првиот момент да ја ангажира Националната гарда, како што беше и со нашата полиција. Но, тука беше обезбедувањето на Капитол Хил, тука беше градоначалничката на Вашингтон која веднаш прогласи полициски час и ја испрати градската полиција.
Ако, пак, би сакал да ги поставувам во паралела нашиот Хорхе, оној на кого му намигнуваше Доналд Трамп, тогаш негов партнер по постапките, може да му биде потпретседател на САД – Пенс.
Само, треба внимателно да се пишува и изговара!?
Веле Митаноски






