Кој си игра со емоциите, на крајот од емоциите (политички) и гине

Како што одат работите, на добар пат сме НИШТО да не научиме и од оваа трагедија во ковид-болницата во Тетово.

Имено, Владата веќе требаше да издаде соопштение дека наложила на сите институции под нејзина надлежност во државата да ги проверат сопствените капацитети, опреми, процедури и планови во случај на пожар, а истата постапка да ја препорача и до приватните компании и организации. Надлежната државна институција за противпожарна заштита (мора да има и некакво официјално име) да најави дека ќе започне вонредна инспекција на неколку дузини случајно избрани институции – добро би било на тој список прва да се најде зградата на Владата, а веднаш потоа и Белата палата, каде што е седиштето на опозицијата – за проверка и евентуални санкции на одговорните за непочитување или пропусти во тие стандарди.

Општините, пак, со овие градоначалници на истек на мандатите, треба итно да смислат некаква шема за поддршка на граѓаните во набавка на противпожарни апарати, како што тоа го прават во случајот со инвертерите, чистењето на оџаците или купувањето велосипеди, макар со важност на таа мерка по изборите.

Само така бесмислието на губењето толку многу животи за три минути во Тетовската болница ќе добие некаква пост-трауматска општествена смисла

 

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close