Мадона во врска со 37 години помладиот Аким Морис – заедно ќе го прослават нејзиниот 66-ти роденден

Мадона летово го поминува во Портофино, а друштво и прави 28-годишниот Аким Морис, фудбалер од Јамајка, со кој во 2022 година позираше за насловната страница на магазинот „Пејпер“.

Со оглед на тоа дека пејачката за два дена ќе наполни 66 години, се претпоставува дека станува збор за роденденско патување, а се уште не се знае точно колку време се заедно.

Таа сподели објава со него пред нешто повеќе од еден месец, но се уште официјално не ја потврди нивната врска.

Сепак, се чини дека тоа веќе не е тајна, а во Италија позираа фатени за раце. Пејачката се одлучи за црна комбинација, со која одговараше на препознатлив накит и летни влечки, додека Аким беше малку полежерен.

Back to top button
Close