Можно е заминување на Конте од клупата на Наполи


Италијанскиот тренер Антонио Конте не успеа со Наполи да ја одбрани титулата во италијанската лига, а тоа би можело да значи и негово заминување од клупата на клубот од Неапол. Оваа сезона мина турбулентно за екипата на нашиот Елиф Елмас, кој е дел од второпласираниот Наполи.

Но, за тренерот Конте проблемите беа по есенскиот пораз од Болоња, како и недостатокот на авторитет при проблемот со Ромелу Лукаку.

По состанокот со сопствениот на клубот Антонио Де Лаурентис, Конте е поблиску до заминување, но неговиот договор е сè уште важечки.

Доколку Конте замине, него би можел да го замени Маурицио Сари, што би значело враќање на клупата на Наполи. За Конте како дестинација се споменува Јувентус, каде со успех настапуваше како играч, а потоа и како тренер.

Back to top button
Close