Сан Антонио добива засилување во продолжение на плеј офот


Сан Антонио успеа да поведе со 1-0 во победи во финалето на Запад откако по две продолженија го совлада шампионот Оклахома Сити со 122:115. До победата стигнаа без помошта на „Ол-стар“ бекот Дерион Фокс, кој не беше во составот поради повреда на десниот скочен зглоб.

Од клубот стигнуваат добри вести бидејќи Фокс можно е да се појави на вториот натпревар бидејќи неговото враќање сега е означено како „од ден до ден“. Тој проблемот со повредата ја има од четвртиот натпревар од полуфиналето на Запад против Минесота.

Сезонава Фокс има просек од 18,8 поени; 5,8 асистенции на 11 натпревари во плеј офот со просек од 33,3 минути по натпревар.

Натпреварот број 2 се игра повторно на теренот на Оклахома.

Back to top button
Close