ФОТО: Диди се појави со лисици во судница – на адвокатот му се пожалил на храната во притворот

Со лисици на рацете облечен во затворска облека Шон „Диди“ Комбс вчера се појаби на суд. Кога излегол од притворските ќелии, им мавнал на своите роднини во галеријата и ги прегрнал адвокатите.

Раперот, на 17 септември беше обвинет за сексуална трговија, рекетирање и учество во синџир за проституција

Пи Диди го помина речиси цел месец зад решетки откако двајца судии ги одбиле барањата за кауција, иако неговите адвокати поднеле жалба тој да биде ослободен додека трае судењето.

Обвинителите соопштиле дека очекуваат дека ќе биде потребен околу еден месец за да се повлечат податоците од неговите запленети уреди. Опишувајќи ја количината на податоци како „огромна“, тие рекле дека би можеле да поднесат ново обвинение откако ќе се извлечат сите податоци

Адвокатите на Шон „Диди“ Комбс велат дека најтешкото прилагодување на прославениот рапер позади решетките е храната што ја јаде.

„Мислам дека храната е веројатно најгруб дел од неа“, изјавил еден од адвокатите на Комбс, Марк Агнифило за новинарите пред федералниот суд во Менхетен.

Комбс се наоѓа во притворниот центар Метрополитен во Бруклин додека го чека судењето. Според „People“, неговиот ден зад решетки започнува во 6:00 часот со појадок со житарки, овошје и колач.

Во работните денови, ручекот се служи во 11:00 часот, а вечерата се служи по 16:00 часот. Ручекот главно се состои од главни јадења, вклучувајќи хамбургери, печена риба или говедско тако, со пржени јајца и бисквити за време на викендите.

За време на вечерата, менито вклучува избор како што се пилешки фахита, тестенини и печено говедско месо. Во затворот се служат и јадења „здрави за срцето“ и вегетаријански јадења како што се леќа, тофу и тавче грав.

Back to top button
Close