Драма во Холивуд: Дојава за бомба во куќата на Арнолд Шварценегер
Медиумите вчера пренесоа информации за дојава за бомба во куќата на Арнолд Шварценегер. Сомнителниот пакет бил пријавен околу 10:30 часот наутро, токму на Денот на благодарноста кој се славеше во четвртокот.
Полицијата вчера соопшти дека станува збор за лажна дојава. Заканата првично ја пријавија TMZ кои тврдеа дека се работи за „swatting“ – мамење на служби за итна помош.
Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес не можеше да потврди детали, но откри дека постоел повик за сомнителен пакет во истиот час и на истата локација.
Бившиот гувернер одамна престојува во Брентвуд.
Шварценегер сѐ уште не дал изјава.