(ФОТО) Аца Лукас од притвор, право во кафеана на Копаоник: „Ќе пеам кога сакам“

Пејачот Аца Лукас денеска проговори од кафеана на Копаоник откако излезе од притвор.

– Драги мои, за разлика од некои, можам да пеам секој втор ден. Не морам првиот ден, а некои што сакаат да пеат нека пеат по еден ден, а ние ќе пееме вториот, господа – се пошегува Лукас.

Да потсетиме, Лукас вчера беше приведен на пат кон Копаоник, поради што беше задржан до 12 часот во полиција. Имено, Лукас бил запрен од сообраќајната полиција на влезот во Брус и по извршениот тест дека бил позитивен на наркотици и дека возел без возачка дозвола, бил приведен во полициска станица.

По излегувањето од притвор, пејачот замина на Копаоник каде вечерва ќе настапи.

Back to top button
Close