„Уплашено го нишаше детето додека нервозниот монструм удираше по лаптопот“ Обожувателка пишува како изгледала Северина покрај Милан
Северина на Инстаграм објави порака од анонимна обожавателка која одблиску ја почувствувала енергијата во односот помеѓу Северина и Милан.
-Те видов во пролетта 2012-та година во хотелот Вила Брег во Вршац, чиј сопственик е твојот поранешен сопруг/партнер. На појадокот, седеше на „газдинската маса“ на 3-4 метри од мене.
Сите овие години, кога и да те видам на телевизија или кога ќе слушнам некоја твоја песна, се присетувам на твоето тажно и уплашено лице. Го нишаше детето во количката, додека нервозниот монструм нешто чепкаше на лаптопот, правеше тикови и удираше со нозете.
Бог да ти даде храброст сево ова да го поднесеш и да го истераш до крај. Иако има уште 6 години до неговото полнолетсво (до целосна слобода на неговиот избор), претпоставувам дека и во хрватското семејно право тинејџерите можат да одлучат кај кој родител ќе живеат, кај нас е тоа со 15 години…“